Италијаните Франческо Џетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на 32 издание на Охридскиот пливачки маратон, што се одржа денеска.

Оваа година маратонот се пливаше на делница од 25 километри, која апсолутниот победник Франческо Џетини ја мина за 5.13.59.62 часа.

Финишот на 32-от Охридски пливачки маратон

Geplaatst door ohridnews.com op Zaterdag 25 augustus 2018

Во неизвесниот финиш втор целта во машка конкуренција ја мина Едуардо Сточино (Италија) со време 5.14.10.72 часа, трет беше Андреа Бјанки (Италија) 5.14.11.69 часа. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и нашиот Евгениј Поп Ацев, кој за жал овој пат не заврши на подиумот.

Второто место во женска конкуренција го освои Ана Олас од Унгарија, а трета беше Аличе Франко од Италија.

Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година самостојно го организира Пливачката федерација на Македонија со поддршка на ФИНА, изнесува 15.000 американски долари.

OhridNews