Во седумдесет секунди видео што го изработи креативниот тим на OhridNews се потсетуваме на возбудувањата од 36. Охридски пливачки маратон кој влезе во историјата со нови рекорди во машка и женска конкуренција, враќајќи го сјајот на оваа престижна спортска манифестација.
Историското издание на Охридскиот пливачки маратон од вода, воздух и копно
На 36. Охридски пливачки маратон триумфираа италијанецот Алесио Очипинти во машка, и французинката Каролин Жуис во женска конкуренција, со рекордни времиња. Очипинти 25 километри долгата патек „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за 4 часа, 53 минути, 14 секунди, додека рекордот на Жуис изнесува 5 часа, 5 минути и 59 секунди
Охридскиот пливачки маратон и оваа година беше во целосна организација на Општина Охрид со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор беше ПК Охридски бранови – Охрид.
Оваа година Охридскиот пливачки маратон беше дел од првото издание на Фестивалот на водени спортови „Ohrid water festival“.
Г.М.