Неколку радикални лица фрлиле со јајце и пластично шише по колоната во која вчера низ улиците на Тирана се движеше автомобилот на премиерот Никола Груевски, кој се наоѓа во официјална посета на Албанија, пренесува „Макфакс“.

Најверојатно станува збор за припадници на црвено-црната Алијанса, кои неодамна правеа провокации на македонското малцинство во Албанија.

Безбедноста на македонскиот премиер во ниту еден момент не била доведена во опасност.

OhridNews