Граѓанската дебата за „Европска Македонија“, што синоќа требаше да се одржи во центарот за култура во Струга била прекината уште пред да почне.

Како што информираат организаторите на трибината, поголема група луѓе насилно упаднала во Центарот за култура, а за да се избегне евентуално поголем инцидент, било одлучено трибината да не се одржи.

Група од дваесетина добро организирани луѓе очигледно со намера да ја спречат дебатата почнаа да не навредуваат и да ни се закануваат по животот и да ги уриваат микрофоните. Што е уште пострашно почнаа да се расправаат со луѓето кои сакаа да присуствуваат на трибината и не сакавме да се доведеме во ситуација да се случи кавга или тепачка помеѓу стружани и одлучивме да ја прекинеме трибината, ни изјави новинарот Бранко Геровски, еден од организаторите на трибината.


Героски рече дека не знае кој се организаторите на настанот, но истиот ќе биде пријавен во полиција на која ќе и биде предаден и видео материјалот кој организаторите го снимиле со мобилни телефони.  За инцидентот организаторите го информирале градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој изразил жалење за немилиот настан.

Ohridnews