Стрезо Стаматовски е еден од најпрепознатливите ликови на Охридскиот народен театар и дел од екипата која стои зад неговото формирање. Зад него се седум години плодна и успешна актерска кариера, многубројни театарски претстави и различни перформанси по кои е познат на целокупниот македонски аудиториум.
Покрај „Малограѓанска свадба“, „Емигранти“, „Полицајци“, „Сон на летната ноќ“, „Валкани приказни“, серијалот „Штаб“…, зад него се и улогите во филмовите „Само за губитници“ и „Медена Ноќ“ на режисерот Иво Трајков.
Повеќе за неговиот однос кон публиката, Охридскиот народен театар, аспирациите кон филмското платно, идните планови… погледнете во видео-интерјвјуто, прво од новиот серијал „Охридски разговори“, што oд денеска ќе се емитува на OhridNews.
Интервју Стрезо Стаматовски: Живејте го својот сон
OhridNews