Со години охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија, ги помага немоќните и социјално загрозените граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. Годинава помош пристигна за геријатриското оддeление при општата болница, благодарение на која ќе им се олесни животот на згрижените стари лица.

-Средствата кои ги собираме од нашите активности и забави кои ги организираме на високот ниво и на кои присуствуваат високи претставници на австралиската држава, ги наменуваме за Охрид, односно за лицата на кои им е потребна помош. Така било, така и ќе биде и во иднина, вели во видео интервјуто за OhridNews Васко Ангеловски – претседател на Охридското социјално друштво Св. Наум Охридски со седиште во Мелбурн, Австралија, хуманист, промотор на Охрид и Македонија, активист во Македонската заедница во Австралија, уредник и водител на радиото „ZZZ“ – програма на македонски јазик.

Со него отворено разговараме за активностите на друштвото, за животот на нашинците во Австралија, за проблемите со кои се соочува заедницата, како тој со црковните имоти кој заврши пред австралиските судови.

-Овој проблем мора да се реши, непотребно се трошат тешки милиони, за кого? За да се докажуваме меѓу себе? Од тоа губиме сите, а најмногу македонците во Австралија.-вели во видео интервјуто Ангеловски.

Повеќе за ова во  „Охридски разговори“:

OhridNews