“Неро-азурите“ во драматичен натпревар успеаа да ги освојат трите бода и да го одржат чекорот со лидерот на табелата во Серија А, Милан. Интер на Џузепе Меаца со пресврт во вториот дел го совлада Палермо 3-2.


Палермо преку Миколи и Ночерино имаше водство по првиот дел. Дебитантот во дресот на Интер, Пацини со два погодоци ги врати домашните во живот, неколку минути подоцна Ето од пенал ги постави конечните 3-2.


Резултати: Интер – Палермо 3-2, Каљари – Бари 2-1, Џенова – Парма 3-1, Бреша – Киево 0-3, Лече – Чезена 1-1, Наполи – Сампдорија 4-0, Болоња – Рома (прекинат), Јувентус – Удинезе 20:45 часот.  

Табела: Милан 47, Наполи 43, Лацио 40, Интер 38, Рома 38. . .

Натпреварот Болоња – Рома е прекинат поради неможноста да се игра на замрзнат терен.

Мх.П.