Актуелниот првак Интер до врв ја наполна мрежата на Бари победувајќи со 4-0. Во листата на стрелци на два пати се запишаа Милито и Ето`о. Македонскиот интернационалец Горан Пандев ги одигра сите деведесет минути од мечот.

Mилан одигра уште едно фрустрирачко 1-1 реми против Лацио на Олимпико. Ибрахимовиќ ги доведе “росонерите“ во предност, а Флокари на десет минути пред крајот го изедначи резултатот.

Бреша ја продолжи кризата во Рома, откако со 2-1 го совлада тимот на Раниери, кој се наоѓа пред излезната врата на клубот.

Резултати : Бреша-Рома 2-1, Каљари-Сампдорија 0-0, Катанија-Чезена 2-0, Џенова-Фиорентина 1-1, Интер-Бари 4-0 Лацио-Милан 1-1, Лече-Парма 1-1, Болоња-Удинезе 2-1, Наполи-Киево 1-3

Во последниот натпревар од оваа рунда играат Јувентус-Палермо.

Ohridnews