Акутелниот првак во Италија, Интер потешко од очекувањата стигна до планираната победа над последнопласираниот Бари со 3-0. Избраниците на Леонардо долго се мачеа на “Св Никола“ , а отпорот го скршија преку Кхајра на средина на вториот дел. Победата ја потврдија со погодоците на Пацини и повратникот Снајдер во судиското надополнување.

Интер заостанува седум бода зад лидерот Милан, но има и натпревар помалку и тоа против Фиорентина.

Ohridnews