Интер ја продолжи победничката низа следен на списокот е Лацио. Нероазурите на Олимпико го совладаа Лацио со 2-0 и на две кола до крајот од Серија А имаат два предност пред второпласираната Рома.

Нероазурите поведоа преку аргентискиот репрезентативец Валтер Самуел на истекот на првото полувреме, додека конечните 2-0 ги постави Тиаго Мота во 70-та минута.

о


Дербито на дното во Бергамо помеѓу Аталанта и Болоња заврши без победник 1-1. Сиена после поразот на домашен терен од Палермо и теоретски немаат веќе шанси за оптстанок во Серија А.

Резултати: Аталанта – Болоња 1-1, Бари – Џенова 3-0, Катанија – Јувентус 1-1, Сампдорија – Ливорно 2-0, Киево – Наполи 1-2, Сиена – Палермо 1-2, Каљари – Удинезе 2-2, Лацио – Интер 20:45ч

Табела: Интер 76, Рома 74, Милан 67…Лацио 40, Болоња 40, Аталанта 35