Недела дена пред одигрувањето на “дерби дела Мадонина“ помеѓу Интер и Милан нема повеќе билети во продажба, објавија од раководството на “неро-аѕурите“ кои се симболични домаќини на мечот.


Тифозите од Милано ги откупија сите влезници во период од само 40 часа откако беа пуштени во продажба 45 илјади. Другите места се за навивачите на Интер кои од пред првенството имаат сезонски билети.

Годинашното дерби меѓу Интер и Милан конечно е со шампионски шмек бидејќи миланските качолигаши се во трка за титулата . На дуелот на Интер и Милан се очекува да присуствуваат околу 80 илјади гледачи, а мечот се игра на 15 февруари во 20.30 часот.

Првиот натпревар сезонава го доби Милан, благодарение на голот на Роналдињо.

Екипата на Милан, ослабена ќе настапи откако најдобариот фудбалер на Милан Кака` се повреди на дуелот против Реџина.

М.П.