По двата тешки порази во Италија и Лигата на Шампиони , Интер им се врати на победите по триумфот над Кјево со 2-0. Избраниците на Леорнардо се мачеа во првиот дел, а отпорот го скршија по еден час игра преку Камбијасо. Пелисиер промаши колосална прилика да го изедначи резултатот, по што побеата за нероаурите ја осигура Маикон.

Втор натпревар во низа македонскиот интернационалец Горан Пандев го преседа мечот на клупата за резервни фудбалери.

Ohridnews