Лидерот на табелата во италијанската Сериа А, Интер, потешко од очекувањата стигна до победа во дуелот со тврдата Верона која се бори за опстанок.

Нероазурите го отворија резултатот уште во 13 минута по одличната акција на Турам и Михтаријан, а стрелец беше Мартинез. Интер се задоволи со водството и реши да го одработи мечот без многу залагање во нападот. Таквиот пристап му се удри од глава на домаќинот во 74 минута кога штотуку влезениот Анри израмни на 1:1.

Симоне во игра ги уфрли Санчез и Фратези како засилување во нападот на Аранаутовиќ кој претходно го замени Турам) и Мартинез. Интер притисна силно и во една гужва во шеснаесетникот по ударот со глава на Димарко топката од гол линија несреќно ја исфрли Арнаутовиќ. Вистинската драма почна во 93 минута. Најпрвин Бастони ја погоди пречката, а по ударот на Чалханохлу на одбиената топка налета Фратези за делириум на стадионот „Џузепе Мезаца“.

Верона тргна на се или ништо, а на нападот се приклучи и голманот Монтипо. По гужвата во шеснаесетникот на Интер, Барела и Санчез тргнаа кон празниот гол на Верона, но на несфатлив начин успеаја да не реализираат од невозможна ситуација. Епското промашување остана во втор план откако по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Верона поради невнимателен старт на Дармиан на почетокот од контра нападот на Интер.

Одговорноста ја презеде Анри кој ја погоди стативата, а ударот со глава на гостите кој следеше потоа заврши покрај голот.

Луд натпревар во Милано

Г.М.