Интер и ЦСКА Москва се пласираа во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони откако во 1/8 финалето ги елиминираа Челси односно Севиља.

Интер со минимална победа од 1-0 го совлада Челси на гости и со севкупни 3-1 се најде во наредната фаза. Стрелец на победоносниот погодок е Самуел Ето. Македонскиот интернационалец Горан Пандев во победа на Интер одигра солидни 75 минути.

ЦСКА Москва го приреди најголемото изненадување победувајќи ја Севиља на домашен терен 1-2. Нечид ја донесе во водство ЦСКА, на 1-1 изедначи Пероти додека Хонда од слободен удар ја лансираше ЦСКА во 1/4 финалето.

Денеска играат: Барселона – Штудгарт (1-1), Бордо – Олимпијакос (1-0)