Интер со пресверт прокнижи нови три бода и се искачи на првото место во Серија А. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го пропушти натпреварот со Аталанта поради повреда.

Аталанта поведе преку Тиробоки во 5-та минута,  Милито израмнува на 1-1 во 24-та, зимското засилување во редовите на нероазурите Марига погоди во 35-та минута за водство додека во 77-та минута романскиот репрезентативец Киву ги поставува конечните 3-1.