Македонската претставничка на Евросонг Јана Бурческа не успеа да избори пласман во финалето на Евросонг, кој се одржува во Украина. И покрај тоа што имаше одлична песна и настап, но и добро котираше на фаворитската листа, Бурческа не се најде помеѓу десетте патници во финалето.

Во финалето на Евровизија во сабота пласман обезбедија: Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија, Австрија.