Илјадници верници присуствуваа на велигденската литургија во црковните храмови синоќа во Охрид, симболично одбележувајќи го воскресението Христово.
Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм, Свети Пантелејмон на Плаошник, каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На полноќ камбаните го најавија Воскресението Христово по што беше прочитано Велигденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Синодот на МПЦ.
И покрај свежото време (температурата беше еднвај неколку степени над нулата) голем број верници, присуствуваа на богослужбата на Плаошник. Меѓу нив имаше и голем број туристи, јавни личности и политичари.Традиционалчно по објавувањето на Воскресението се кршеа Велигденски јајца и се честиташе празникот.
Христос Воскресе. Навистина Воскресе !
За многу години.
ohridnews