Хирурзите во болницата во Градот Кисиме, Флорида, пред зложените операции се „загеваат“ со помош на видео игри. Истражување кое било неодамна спроведено во таа болница покажало дека подобри резултати на операциите имаат хирурзите кои пред зафатот неколку минути минале играјќи видео игри.
Инаку, во истражувањето учествувале околу 300 хирурзи, јавиле порталите. Во просек хирурзите кои видео игри играле повеќе од три часа неделно, направиле 37 проценти помалку грешки и биле за 27 проценти побрзи од колегите кои воопшто не играле видео игри.