Македонскиот интернационалец Бесарт Ибраими дебитираше во дресот на Шалке на гостувањето кај Фрајбург. Ибраими влезе во игра во 77 минута на местото на Кристоф Мориц. “Сините“ на гостувањето кај Фрајбург одиграа без голови 0-0. Баерн Минхен со 3-1 го совлада актуелниот шампион Волфсбург. Робен, Рибери и Ван Бујтен беа стрелци за “баварците“ додека почесниот погодок за Волфсбур го постигна Графите.

Резултати: Келн – Хамбургер 3-3, Бохум – Леверкузен 1-1, Фрајбург – Шалке 0-0, Хофенхајм – Хановер 2-1, Волфсбург – Баерн Минхем 1-3

Табела: Леверкузен 45, Баерн Минхен 45, Шалке 42, Хамбургер 36, Дортмунд 36