Милан го победи Интер во “Дерби дела Мадонина“ и по пет години се радуваше на “гостински“ терен против градскиот ривал. Одлучувачкиот момент се случи во петтата минута кога Ибрахимовиќ беше соборен во казнетиот простор. Истиот играч биеше прецизно постигнувајќи го петтиот гол во “црвено-црниот“ дрес.


Интер невообичаено беше неинвентивен и не успеа во текот на сите 90 минути да создаде изгледна прилика. Македонскиот интернационалец Горан Пандев, доби шанса во вториот дел, но се` што успеа да направи беше провокацијата кон Абате, по која дефанзивецот на Милан доби вто жолт картон. Ниту со играч повеќе Интер во последните пол час не успеа сериозно да се закани кон голот на “росонерите“.


OhridNews