Златан Ибрахимович беше стрелец на победничкиот погодок во “Ел Класико“ по кое дојде смена на врвот на табелата во Шпанија. Ибра стрелаше прецизно по одличното нафрлување на Алвес. Реал најубавите прилики ги имаше во првиот дел но ударите на Роналдо и Марсело не ја погодија целта.


“Блауграна“ речи си половина сат играше со играч помалку поради исклучувањето на Бускетс, но кралевите не успеаа да стигнат до израмнување.