Актуелниот првак Шпанија, Европа и Светот Барселона и со девет играчи го победи тимот од предградието на Мадрид, Гетафе со 2-1. До победата “блауграна“ ја предводеше одличниот Меси кој еднаш погоди, а еднаш му асиситираше на Чави. Почесниот погодок за Гетафе беше дело на Солдадо од пенал. Барса натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Пике во 26 минута и Маркес во судиското надополнување.

Кралевите од Мадрид на “Бернабеу“ со 3-0 го совладаа Еспањол. Стрелци на головите беа Рамос и Кака во првиот дел и Игуаин во финишот на мечот.