И покрај забраната за пловидба што е на сила до 20-ти август, скутерџиите и натаму беснеат на Охридското Езеро. Вчера околу 14 часот на една од најпосетените плажи кај Св. Стефан  скутер изведуваше егзибиции покрај главите на капачите и педалинките. Спасителите велат дека се немоќни да сторат нешто повеќе и дека редовно ги пријавуваат ваквите инциденти во Капетанијата и Езерската полиција кои бавно или воопшто не реагираат.


OhridNews