Видео пораката на малата Софија, поставена на фејсбук профилот на познатиот граѓански активист, колумнист и политичар, Дејан Блажески, за кратко време стана вирална и предизвика огромно внимание на социјалните мрежи. Софија ја продава омилената играчка на јавна лицитација, а средствата ќе ги донира за помош на младата Сара од Охрид на која итно и е потребно пресадување на коскена срж. Операцијата чини 200.000 евра и треба да се изведе во Германија.

-Мојата ќерка, дел од хуманитарната акција. Вклучете ги и вашите деца. Софија го продава омилениот Џорџ, подарок од една драга личност. Вие одлучувате за цената. Споделувај!

Мојата ќерка, дел од хуманитарната акција. Вклучете ги и вашите деца. Софија го продава омилениот Џорџ, подарок од една драга личност. Вие одлучувате за цената. Споделувај!

Geplaatst door Dejan Blazeski op Woensdag 24 oktober 2018

Охриѓани со денови се на нозе во обид да се соберат потребните средства за помош на Сара. Се организираат хуманитарни настани, концерти, забави, театарски претстави, се донира преку телефони, интернет, на жиро сметки. Секој помага како знае и умее.

Секоја донација е вредна, затоа употребете ја вашата креативност и помогнете да се спаси еден детски живот.

OhridNews