Португалскиот стратег Жозе Мурињо беше избран за најдобар тренер за 2010 година во изборот на Франс Фудбал. Неповторливиот Мурињо се заблагодари на наградата велејќи дека му драго што станал четвртиот португалец која ја добил златната топка. – По
Еузебио, Фиго и Кристијано Роналдо, Португалија може да се пофали со четвртата златна топка – рече Мурињо.
Но тоа не беше моментот кој ја одбележа вечерта на доделувањето на наградите за најдобрите во 2010 година. По одредувањето во идеалниот тим, холанѓанецот Весли Снајдер му искажа огромна благодарност на поранешниот стратег Жозе Мурињо, по што овај едвај ги додржа солзите во неговите очи.
Мурињо минатата година со италијанскиот Интер ја освои тројната круна, победувајќи во Лигата на Шампиони, купот на Италија и го освои Скудетото во Италија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com