Напаѓачот на римски Лацио , Горан Пандев го постигна првиот погодок во победата на Лацио над Јувентус со 2-1, во полуфиналето на Копа Италија.


Јувентус дојде во предност во првиот дел преку Маркиони, додека пресвртот  го најави Пандев, а го комплетираше Роки.

Денес на програмата е вториот натпревар во кој играат Интер и Сампдорија.

М.П.