Интер го победи Челси со 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони. Старт од соништата за “нероазурите“ кои во третата минута поведоа преку аргентинецот Милито. На стартот на вториот дел , “сините“ ја искористија заспаноста на одбраната и преку Калу израмнаа на 1-1. Неколку минути подоцна Камбиасо ги врати италијаните во водство штона крајот се покажа како конечен резултат. Македонскиот интернационалец Горан Пандев, одигра епизодна улога откако во 65 минута го замена Ето.
Резултатот 2-1 ги отвара сите карти отворени во пресрет на реванш мечот на “Стемфорд Бриџ“
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com