Со натпреварите од А групата започна второто коло од Африканскиот Куп на Нации.

Домаќинот Ангола ја забележа првата победа откако со 2-0 ја совлада селекцијата на Малави. Флавио со третиот погодок на натпреварувањето и Манучо беа стрелци за Ангола.

Во вториот дуел од А групата Алжир ги запиша првите три бода победувајќи го Мали со минимални 1-0.

Во 1/4 финалето пласман обезбедуваат првопласираните две репрезентации.

Табела: Ангола 4, Малави 3, Алжир 3, Мали 1

Идно коло: Ангола – Алжир, Мали – Малави