Популарниот хрватски милионер замина во историјата.  Во последната епизода од Милионер, хрватската натпреварувачка Вида Старчевиќ освоила 250 илјади куни и се откажала, а како што на почетокот на епизодата, од неа побарал сега веќе легендарниот Тарик Филиповиќ , таа откажувајќи се направила нешто револуционерно за крајот на овој популарен хрватски Милионер.

Поздравот за крај на сезоната,на Тарик Филиповиќ бил благодарност до сите што работеле со него, цели 7 години и нешто повеќе, за преубавиот и приватен и професионален дел од животот. За крај им порачал дека тоа не е збогум тоа е само довидување.

Хрватскиот милионер почна во 2002 та година, додека во Велика Британија, земјата од каде и потекна ова најпопуларно шоу, на малите екрани во Британија се емитувал 4 години порано. Во текот на 7 те години емитување на Хрватскиот милионер, единствениот натпреварувач што успеа да освои милион куни беше професорката Мира Бичаниќ. Милионското прашање пак беше отворено уште 15 пати, но безуспешно.

Ohridnews