Верниците ги исполнија и другите православни храмови во градот каде исто така се служеше велигденска литургија. Отец Љупчо, свештенослужител во црквата Света Богородица – Каменско, објаснувајќи ја симболиката на празникот истакнува дека Велигден е празник над сите празници затоа што тогаш се слави победата над смртта, кога синот Божји со сопствениот живот го спасува човештвото:
– Нека овој голем ден внесе радост. Зраците од воскреснатиот Христос ги озарат сите христијани во целиот свет затоа што победата над смртта е во овие мигови кога Христос воскреснува, а кој што е гарант и за наше воскреснување. Оттука е и целата наша радост затоа што Христос со смрт смртта ја победи и на сите им подари живот вечен. Христос Воскресе!
Велигден на ист датум годинава го одбележуваат и католиците. По тој повод во сите католички храмови во светот се одржа полноќна миса. Велигденска миса се одржа и во католичката црква „Св. Бенедикт и Св. Кирил и Св.Методиј“ во Охрид.
Христос воскресе! Вистина воскресе!
За многу години.