Директорот на холандските железници се врза за ветерница и заврте круг со неа за да прослави што нивните електрични возови почнаа да возат на чиста енергија, односно, 100 отсто од возовите во Холандија, една година пред планираното возат на ветар, јавува „Макфакс“.
Како што пренесоа светските медиуми, околу 600.000 Холанѓани секојдневно ги користат електричните возови, и тие се првите кои се возат потполно на ветар од 1 јануари 2017 година.
Имено, холандските железници си поставија цел до 2018 година сите возови да се напојуваат со електрична енергија добиена од ветерници, но целта ја постигнаа една година порано.
Холандските електрични возови се напојувани со 1,2 милијарди киловат часови годишно кои ќе ги добиваат од чист и одржлив енергетски снабдувач.
Иако се работи за чиста и обновлива енергија, со програми за енергетска ефикасност тие планираат дополнително да ја намалат потрошувачката на енергија која од 2005-та до сега е редуцирана за 30 проценти.
Пред две години Eneco енергетската компанија од Ротердам и VIVENS, конзорциумот на холандските железници кој се состои од сите холански железнички компани кои ја вклучуваат и државната фирма Nederlandse Spoorwegen (NS) потпишале договор според кој сите возови во Холандија треба да возат на чиста енергија.
Планираат половина од производството на електрична енергија да го остварат во Холандија, а половина да го увезат од Белгија и Скандинавија.
OhridNews
извор: „Макфакс“