Рома и Милан стигна до рутинирани победи во 20-то коло, додека Јувентус е поразен во Киево.

Милан на Сан Сиро со 4-0 ја совлада Сиена. Творец на победата беше некогаш најдобриот играч на светот Роналдињо кој постигна хет трик, додека во листата на стрелци се запиша и Бориело. Со оваа победа “росонерите“ се доближија на шест бодови до лидерот на табелата Интер, пред големото градско дерби Интер – Милан. Изненадувањето на колото го приреди Киево победувајќи го Јувентус со минимални 1-0. Погодокот вреден три бода за “летечките магариња“ го постигна Сардо.

Резулати: Милан  – Сиена 4-0, Рома – Џенова 3-0, Киево – Јувентус 1-0, Аталанта – Лацио 3-0, Фиорентина – Болоња 1-2,  Парма – Удинезе 0-0, Сампдорија – Катанија 1-1

Табела: Интер 46, Милан 40(-1) , Јувентус 33, Наполи 32