Реал Мадрид и Барселона остварија лесни победи во 17-то коло од Примера Дивизион. Кралевита на Сантиаго Бернабе со 2-0 ја совладаа Мајорка. Игуаин во првото полувреме и Гранеро во второто беа стрелци за рутинира победа на “Лос Бланкос“.

Барселона по поразот во купот од Севиља се врати на победничките патеки победувајќи го Тенерифе со 5-0. Најдобриот играч на планетата Лионел Меси одлично ја започна новата година постигнувајќи  хет трик  во  високата  победа над  Тенерифе.


Резултати: Ла Коруња – Осасуна 1-0, Еспањол – Сарагоса 2-1, Малага – Атлетик Билбао 1-1, Спортинг – Гетафе 1-0, Ксерес – Валенсија 1-3, Реал Мадрид – Мајорка 2-0, Тенерифе – Барселона 0-5

Табела: Барселона 43, Реал Мадрид 41, Валенсија 35, Ла Коруња 31, Севиља 30