Египет се запиша во историјата на африканскиот фудбал. На стадионот 11 Ноември во Луанда, избраниците на Хасан Шехат ја победија Гана со 1-0 и трет пат во серија, седми пат севкупно го освоија Африканскиот куп на нации.

Стрелец на злато вредниот гол беше Нади Гедо на пет минути пред крајот на мечот.

М.П.