Македонскиот репрезентативец Марио Ѓуровски беше стрелец на првиот погодок во победата на Војводина над Партизан со 2-0 во седмото коло од српскиот шампионат. Ѓуровски беше прецизен од белата точка во 28 минута.

По прецизно изведениот пенал, фудбалерот се упати кон голманот Стојковиќ и со раката му го покажа амблемот на клубот. По завршувањето на мечот Марио, истакна дека не алудирал на трансферот на поранешниот голман на Црвена Звезда во Партизан.

Стојке е одличен голман. Долго се познаваме и знам дека сака да ги провоцира изведувачите на пенали. Проба да ме исфрли и мене од ритам, но по реализираниот погодок само му реков, “Што се случи, каде замина“ – рече Ѓуровски кој заедно со Стојковиќ потекнува од младинската школа на Црвена Звезда.

М.П.