ГРК Охрид натпреварите на Меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид ги започнува денеска. Противник на „гладијаторите“ е екипата на Олимпијакос.
Голманот на Охрид, Бобан Ристевски оптимист дека и турнирот и настапот на домаќинот ќе бидат успешни.
Задоволство ми е да играм на овој меморијален меѓународен турнир кој се одржува втора година по ред во чест на Охридската легенда “Крсте Андоновски”. Многу брзо прерасна во натпреварување на кое многу екипи сакаат да ги тестираат своите квалитети и верувам дека ќе продолжи да се одржува и да премине во традиционален турнир. Така и ние како домаќини ќе дадеме максимум да докажеме дека сме сериозна и добро организирана екипа, да издвоиме што подобар пласман, и секако една добра припрема за тоа што не чека во домашното првенство и во остварувањето на нашите цели, изјави претходно Ристевски.
Последниот натпревар денес е во 20:15 часот помеѓу екипите на Металопластика и Татран Прешов.
Натпреварот следете го во живо на следниот линк:
OhridNews