Сигурно се сеќавате на рекламата со детето облечено како Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“, кое неуспешно се обидува со „силата“ на темната страна да помести разни предмети по дома, но никако не успева, единствено тоа му појде од рака со фаровите на новиот „Фолксвагенен“, благодарение на клучевите на татко му. Оваа реклама беше вистински планетарен хит тогаш, на што реагираше најголемото еколошко движење во светот „Гринпис“ кое сними пародија на истата тема. Денес таа повторно е актуелна поради аферата која го тресе германскиот производител на автомобили поради употреба на софтвер кој невистинито покажува колку изнесува емисијата на штетни гасови во воздухот. Токму пародијата на „Гринпис“ направена пред четири години ги открива мрачните тајни на „Фолксваген“.
Рекламата на „Фолксваген:
Пародијата на „Гринпис“:
OhridNews