Манчестер Сити го совлада Лестер со 4-2 и избори пласман во наредната рунда од ФА купот. Тимот кој го предводи Свен Горан Ериксон беше рамноправен на стартот од мечот кога успеаа од пенал да изедначат на 1-1. За “Граѓаните“ погодија Тевез, Виера и Џонсон во првиот и Коларов во вториот дел. За Лестер погодија Галагер и Дајер.

 

Резултати : Кардиф – Стоук 0-2, Манчестер С – Лестер 4-2, Волфс – Донкастер 5-0.