Апокалиптички слики доаѓаат од источниот брег на САД, каде деновиве беснее големо снежно невреме. Според информациите кои ги пренесоа светските агенции најмалку шест лица ги загубиле животите во снежната бура, а над 700.000 луѓе останале без електрична енергија.


Во шест американски сојузни држави прогласена е вонредна состојба, а метеоролозите најавуваат дека невремето ќе продолжи и во наредните денови.


Врнежите снег во Бостон достигнаа до еден метар, сообраќајот е речиси парализиран, а властите апелираат до граѓаните да останат во своите домови, бидејќи се очекуваат уште пообилни снежни врнежи.

OhridNews