Силна експлозија и пожар избија во електрана во градот Мидлтаун во американската држава Конектикат. Според првичните се уште не потврдени информации, во експлозијата што се случила вчера околу 17.30 часот по македонско време, загинале најмалку 5 луѓе, а стотина се повредени. Од теренот пристигнуваат контрадикторни информации за  загинатите и повредените, а се стравува дека бројот на настрадани е и десет пати поголем. Во моментот на експлозијата во електраната имало околу 300 работници. Властите ја отфлија можноста од терористички напад.


Оhridnews