Голем дефект во системот за водоснабдување се случи вечерва на булеварот “Туристичка”, на кружниот тек во близина на СРЦ “Билјанини извори”.

Поради дефектот без вода за пиење се  делови од Охрид.

Како што може да се забележи од видеото и фотографиите направени од минувачи оштетен е дел од коловозот на булеварот, поради што дел од кружниот тек е затворен, а сообраќајот го регулира полицијата.

На терен се екипи на ЈП “Водовод”, кои вршат проценка на ситуацијата, по што ќе следат повеќе информации.

Г.М.