Шест погодоци “паднаа“ на Местаља, но немаше победник во дуелот меѓу Валенсија и Осасуна во последниот натпревар од Шпанската Ла лига. Лилјаците до полувремето имаа водство од 3-1 со головите на Солдадо, Станкевичиус и Адруиз, додека тимот од Памлпона во игра го остави Хуанфран. По еден час игра на 3-2 намали  Флано, додека конечните 3-3 ги постави Пандиани во 87 минута.

Ohridnews