Српскиот репрезентативец Милош Красиќ е топ тема во сите италијански медиуми  поради изглумениот пенал на натпреварот со Болоња. Дисциплинскиот одбор на италијанската федерација го казни Красиќ со неиграње на два натпревари.


На мечот, правдата беше задоволена откако чуварот на мрежата на Болоња и репрезентативец на Италија Емилио Вивијано му го одбрани пеналот на италијанскиот репрезентативец Виченцо Јакинта. Натпреварот помеѓу Јувентус – Болоња заврши без голови 0-0.

Мх.П.