Трагичниот настан во Кочани кој одзеде 59 млади животи го потресе регионот. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна Гора и БиХ.

Во Белград по главните булевари поставени се македонски знамиња, а пораки на поддршка се емитуваат на големи дисплеи поставени во трговски центри и деловни згради во српската престолнина.

Трагедијата во Кочани го обиколи целиот свет. За настанот исвестуваат сите светски агенции и медиуми.

Г.М.