Германците доминираа на првите мечеви од четвртфиналната рунда во Купот на УЕФА. И Вердер и Хамбургер со по идентични 3:1 ги испратија Удинезе, односно Манчестер Сити.

На „Весер“ стадионот Вердер со 3-1 го совлада Удинезе. На два пати Диего и еднаш Алмеида стрелаа за германците додека Кваљарела го постигна почесниот гол за Италијанците.

Без голови заврши средбата Пари Сен Жермен – Динамо Киев, а домашна победа оствари и Шахтјор против Олимпик Марсеј, Хубшман и Жадсон погодија за 2:0.

Манчестер Сити поведе преку Ајрланд но потоа беше потопен со головите на Матијсен, Троховски и Гереро.