Песната на германската претставничка се најде на првото место веднаш по гласањето на првите неколку земји, каде се задржа до крајот со освоени вкупно 246 поени.
Второто место им припадна на Турција и нејзиниот претставник, групата маНга, а трети завршија Романија и нивните претставници Ови&Паула Селлинг.
Ова е втора победа за Германија по далечната 1982, кога победи Никол со песната “Еин бисцхен Фриеден“.
Од соседните земји Србија се пласираше на 13, а претставникот на БиХ, Вукашин Брајиќ на 17 место.
Финалето на најпопуларното музичко натпреварување во Европа го следеа 125 милиони гледачи во светот, а во Теленор Арената околу 18.000.
извор: „Макфакс“