Баерн Минхен остана во игра за тројна круна. Баварците по освојувањето на “покалот“, во финалето од Купот на Германија како брз воз ги прегазија Вердер победувајќи ги со 4-0.

Холандскиот репрезентативец ја отвори  серијата погодоци во 35-та минута од белата точка, Ивица Олич во 51-та зголеми на 2-0, францускиот интернационалец Френк Рибери погоди за 3-0 во 63-та минута додека конечните 4-0 ги постави Бастијан Швајнштангер во 83 минута.