Манчестер Јунајтед го продолжи победничкиот поход кон 19-та титула во Премиер Лигата. “Црвените ѓаволи“ во заостаниот натпревар од 16-то коло со Блекпул обезбедија триумф со пресврт во вториот дел со 3-2.


Блекпул предноста од два погодоци стекната преку Кечкарт и Кембел ја прокоцкаа во последниот квартет од натпреварот. Избраниците на “стариот лисец“ во вториот дел покажаа зошто се на врвот на табелата откако нападна со сите расположени средства. Бугаринот Бербатов по асистенцијата на Флечер го намали водстово, мексиканецот “Чичарито“ ги израмни бројки на семафорот додека Бербатов со 19-от погодок во сезоната донесе големи три бода за Јунајтед. 

Резултати : Виган – Астон Вила 1-2, Блекпул – Мен Ју 2-3

Мх.П.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com