Манчестер Јунајтед со погодокот на Пол Сколс во 93-та минута го победи лутиот градски ривал Манчестер Сити. Со оваа победа избраниците на Сeр Алекс Фергусон го продолжија походот кон одбрана на титулата во Премиер Лигата.  Дербито за Манчестер помеѓу Сити – Јунајтед не ги оправда очекувањата.


Трет пат погодокот на Сколс се покажува како судбоносен за “ѓаволите“.
Поранешниот репрезентативец на Англија стрелаше прецизно во финишот со
Вулверхемтон, Вест Хем а го “реши“ и градскиот ривал Манчестер Сити.

Тотенхем на Вајт харт Лејн триумфираше с0 2-1 над градскиот ривал и лидерот на табелата Челзи. “Петлите“ во две кола ги “преслушаа“ Арсенал и Челзи со индентични победи од 2-1.

Англискиот репрезентативец Џермејн Дефо од најстрога казна го отвори резултатот, после играта со рака на капитенот на сините Џон Тери. По одличниот соло продор на велшкиот интернационалец Герет Бејл го матираше чешкиот чувар на мрежата Петр Чех, конечните 2-1 беа дело на Френк Лампард.

Резултати: Мен Сити – Ме Ју 0-1, Бирмингем – Хул 0-0, Блекбурн – Евертон 2-3, Фулам – Вулверхемптон 0-0, Стоук – Болтон 1-2, Сандерленд – Барнли 2-1, Тотенхем – Челзи 2-1

Табела: Челзи 77 , Мен Ју 76, Арсенал 71 (-1), Тотенхем 64,  Мен Сити 62.