Актуелниот лидер во Серија А, Милан минимално со 1-0 го победи Јувентус во дерби пресметката во рунда од шампионатот. Стрелец на победничкиот погодок беше капитенот Џенаро Гатузо во вториот дел.

Милан во пресрет на неделните натпревари има осум бода предност пред
бранителот на “скудетото“ Интер, кој на домашен терен ја пречекува
Џенова.